Ѕвездата на филмот Опенхајмер, ирскиот актер Килијан Марфи го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, а претходно призна дека „ја мрази славата и богатството“ и дека сонува за ден кога тие два аспекта од неговиот живот ќе бидат целосно одвоени. пишува „The Mirror“.
47-годишниот актер е во брак со Ивон Мекгинис скоро 20 години и имаат две деца, 18-годишниот син Малахи и 17-годишниот Аран, со кои живеат во областа Монкстаун на југ во Даблин во дом од 1,5 милиони фунти.
Станува збор за стара куќа која се состои од шест двокреветни спални соби и дневна соба со камин. Меѓутоа, во куќата нема WiFi, а актерот еднаш објасни зошто решил да им го ускрати интернетот на своите деца и зошто не сака мобилни телефони.
“Јас сум татко на двајца тинејџери, а порано бев млад. Разбирам колку е тешко за еден млад човек во денешното општество. Многу е сложено време да порасне, работите се менуваат многу брзо. Сите сме свесни за ефектот на интернетот и онлајн животот. Ми се чини дека децата живеат во овие уреди“, рече тој.