Шакира: Ја ставив кариерата во мирување за Пике да може да игра фудбал

Шакира искрено проговори за врската со поранешниот партнер Жерар Пике (37) во новото интервју за The Sunday Times.

„Долго ја ставав кариерата во мирување за да бидам со Жерар, за да може да игра фудбал“, откри пејачката.

„Имаше многу жртви за љубовта“, додаде колумбиската ѕвезда, која беше со поранешниот играч на Барселона од 2011 до 2022 година, а заедно имаат две деца, Милан (11) и Саша (9). Таа во интервјуто рече дека се откажала од деловните можности да биде со фудбалерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Пејачката објаснила дека поголемиот дел од времето го поминувала на одгледување на своите деца во Барселона.

Откако се раздели со Пике, таа објави неколку нови песни, а на 22 март ќе го промовира својот нов албум по седум години наречен Las Mujeres Ya No Lloran (Жените не плачат повеќе).

Scroll to Top