За помалку од два дена, видеото во кое принцезата Кејт признава дека оди на хемотерапија за рак е прегледано речиси 200 милиони пати. Видеото собра 93 милиони прегледи на Инстаграм, додека на Твитер беше прегледано 102 милиони пати.
Двеминутното видео беше објавено во петокот во 18 часот по локално време и моментално ги руши сите рекорди на гледаност. Видеото собра уште неколку милиони прегледи на Јутјуб, на различни канали.
A message from Catherine, The Princess of Wales pic.twitter.com/5LQT1qGarK
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) March 22, 2024
Последователно беше објавено дека видеото го снимила екипа на Би-би-си во средата и дека не е монтирано.