Раперот Стефан Ѓуриќ Раста е пуштен од болница и моментално се опоравува во својот дом во Врачар.
Раста беше опериран на 25 април, а во болница беше примен поради силни болки во ‘рбетот, пишува Телеграф.
„Стефан не можеше да застане на нозе. Веднаш бил хоспитализиран во придружба на неговата девојка. Беа направени итни анализи и прегледи, по што советот на лекари одлучи дека операцијата е неопходна“, изјави изворот на споменатиот медиум, пред раперот да биде опериран.
Се поминало како што треба, поради што Ѓуриќ набрзо бил пуштен дома, а денес во неговиот стан го чекало прекрасно изненадување. На неговата адреса пристигна специјален бургер тежок дури 2 килограми, со порака:
„Слушнав дека болничката храна не е многу, па да ја замениме! Оздрави наскоро, те сакам“, рекла неговата пријателка.