Рис Витерспун, по разводот, повторно заљубена, на пријателите им го претставила новото момче

Рис Витерспун повторно е вљубена, а новиот партнер им го претстави на пријателите.

Странските медиуми пренесуваат дека холивудската ѕвезда е голем оптимист за нови љубовни врски, а наводно се заљубила во „висок и убав маж“, со кој веќе е во сериозна врска.

„Дури и нејзините пријатели успеаја да го запознаат новиот маж покрај неа. Таа е романтичарка во срцето и сака повторно да биде заљубена“, открива изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

Пред неколку месеци Рис почна да бара нов партнер, излегла на неколку состаноци со пријатели на пријатели, а имаше шпекулации дека му дала шанса и на својот колега Кевин Костнер. Пред нешто повеќе од една година Витерспун објави дека таа и нејзиниот тогашен сопруг Џим Тот се разведуваат. Заедно поминаа речи 12 години, а во август официјално раскинаа.

Scroll to Top