Принцот Хари и Меган Маркл деновиве имаат посебна прослава, нивната ќерка Лилибет го слави третиот роденден.
Роденденската прослава на малата Лилибет започна минатиот викенд. Пријателите и семејството се собраа во семејната куќа во Монтесито, Калифорнија и уживаа во времето заедно, пишува „Page Six“.
Магазинот „People“ објави дека на настанот имало помеѓу 20 и 30 гости, меѓу кои и мајката на Меган, Дорија Рагланд и кумот на Лилибет, Тајлер Пери.
Пееше госпел хор, кој ги извел „Oh Happy Day“ и „This Little Light of Mine“, песната што се пушташе на свадбата на Меган и Хари.
Изворот исто така рече дека тетката и вујкото на Лилибет, Кејт и Вилијам, дедото кралот Чарлс и кралицата Камила биле поканети на настанот, но не присуствувале.
Многумина коментираат дека девојчето личи на нејзиниот татко затоа што од него го наследила неговиот заштитен знак – црвената коса. Интересно е и тоа што и постариот син Арчи е црвенокос, пренесува „Showbuzz“.
Инаку, девојчето го добило името по прекарот на нејзината прабаба, кралицата Елизабета Втора. Средното име го наследила од нејзината баба, покојната принцеза Дијана, мајка на принцот Хари.