Откако го објави новиот албум Cowboy Carter, Бијонсе како да исчезна од сцената, со шпекулации дека се повлече од очите на јавноста поради фактот што нејзиниот сопруг Џеј Зи е долгогодишен пријател на раперот Диди, кој е обвинет за сексуален напад од страна на голем број жени.
На Инстаграм Бијонсе се пофали со фотографии од одморот на јахта со сопругот, а пејачката ги премолчи гласините објавувајќи фотографии на кои позира насмеана во краток бел фустан, со кои ги воодушеви своите фанови.
Двојката позираше во соодветни комбинации, а фотографиите собраа речиси 3,5 милиони лајкови за само два дена откако беа објавени.