Бразилската манекенка Алесандра Амбросио е фотографирана на Ибица со синот на мултимилионерот Мајкл Смурфит, Александар Смурфит. Тие уживаа во пливањето и изгледаа дека се многу блиски.
По раскинувањето со Ричард Ли минатата година, се чини дека Алесандра си најде нова љубов.
Освен што се забавуваше со Александар, Алесандра на фотографиите ја покажа и својата фигура во дводелен црвен костим за капење.
Таткото на Александар, Сер Мајкл Смурфит се смета за водечка фигура во светската индустрија за амбалажа, чие богатство се проценува на 400 милиони долари.
Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа често се појавуваше на насловните страници на Vogue, Harper’s Bazaar, GQ, Elle и Glamour.
Во 2004 година стана „ангел на Викторија“ и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.