Германскиот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст.
Неговото семејство го потврди ова преку објава на Инстаграм.
Причината за смртта се уште не е откриена.
„Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15 јули 2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се сретнеме. Со почит, твоето семејство“, стои во објавата.
Диџејот и продуцент од Минхен беше најпознат по прогресив хаус и транс. По средбата со германскиот продуцент Ениак во 1996 година, тој создаде голем број хитови со него, вклучувајќи ги Viva и Prosac, кои постигнаа голем успех во раните 2000-ти.
Во 2002 година, Томкрафт го издад светскиот хит е „Loneliness“, сингл кој ќе биде на врвот на музичките топ листи една година подоцна. Тој објави вкупно четири албуми за време на неговиот живот, сите во рок од само шест години.