„Аеросмит“ ја откажа прошталната турнеја

Бендот Аеросмит (Aerosmith) објави дека се повлекува од турнејата бидејќи „целосно закрепнување на гласните жици на фронтменот Стивен Тајлер не е можно“.

Американскиот рок бенд, познат по хитовите како Dream On, Dude (Looks Like A Lady) и Walk This Way, ја одложи својата проштална турнеја која беше најавена уште од минатиот септември бидејќи на Тајлер му требало третман за оштетените гласни жици. Сега сосема ја откажаа турнејата, пишува Индекс.хр.

„Како што знаете, гласот на Стивен е уникатен инструмент. Со месеци неуморно работеше за да го поправи гласот како што беше пред повредата. Видовме дека се мачеше иако со себе го имаше најдобриот медицински тим. За жал, јасно е дека целосно закрепнување од повреда на гласните жици не е можно. Како група донесовме тешка, но неопходна одлука – да се повлечеме од турнејата“, објави бендот на Инстаграм.

. Искрата на инспирација во 1970 година стана Аеросмит. Благодарение на вас, таа искра се претвори во пламен и гори повеќе од пет децении. Некои од вас беа со нас од почетокот и сите сте причината поради која ја испишавме историјата на рокенролот“, додаваат во соопштението.

Од бендот велат дека им се неописливо благодарни на оние кои сакале да ги видат на прошталната турнеја.

„Ви благодариме, најдобрите фанови на Земјата. Пуштете ја нашата музика гласно, сега и засекогаш. Сонувајте. Ги остваривте нашите соништа“, заклучија тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aerosmith (@aerosmith)

Scroll to Top