Италијанскиот пливач Томас Цекон, кого многу дами го нарекуваат најубав маж на Олимписките игри оваа година, е снимен како спие покрај клупа во Олимпиското село.
Фотографијата е направена од саудискиот веслач Хусеин Алиреза и споделена на Инстаграм со натпис: „Денес одмори, утре победи“. Цекон, кој го освои златото на 100 метри грбно, веќе јавно се пожали на сместувањето во Олимпиското село.
„Во селото нема клима, топло е и храната е лоша. За многу спортисти овие работи се клучни. Ова не е изговор туку реалност, која многумина не ја знаат“, изјави тој за „Сан“.
„Тешко е да се заспие и ноќе и попладне. Навистина се борам тука помеѓу топлината и бучавата“, рече тој. Остатокот од италијанскиот тим одби да ги коментира тешкотиите што ги наведе Цекон.
Како резултат на тоа, голем број спортисти, вклучително и женската тениска репрезентација на САД, го напуштија Олимпиското село и се упатија кон други сместувачки капацитети.