Српската актерка Анѓелка Прпиќ пред една година се омажи за Марко Жугиќ. Церемонијата се одржа во тајност, а актерката токму сега ја сподели првата фотографија од венчавката.
На фотографијата таа го гушка сопругот, а во описот стави само емотикон со срце.
Бројни следбеници и напишаа во коментарите.
„Среќна сум за неа, нејзиниот нов почеток“, „Феноменална фотографија. Сè е објаснето во една слика“, „Среќа и енергија произлегуваат од оваа слика“, „Да се гушкате вака засекогаш“, „Тоа кога лебдиш од љубов“, некои се од коментарите.