Мајката на Диди: „Мојот син не е чудовиште како што го прават, тоа ми го крши срцето“

Мајката на Диди јавно го бранеше својот син, кој се соочува со низа обвинувања за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе. Џенис Комбс, мајка на Шон Диди Комбс, даде изјава во неделата преку адвокатката Натли Г. Фигерс.

„Мојот син не е чудовиштето како што го прават и тој заслужува можност да ја каже својата страна од приказната. Срцето ми се кине кога гледам како ма мојот син му се суди не поради вистината, туку поради приказната што е создадена на лагите“, рекла Џенис, пренесува Hollywood Reporter.

„Да бидам сведок на она што се чини дека е јавен линч на мојот син, пред тој да има шанса да ја докаже својата невиност, е болка без зборови. Како и секое човечко суштество, мојот син го заслужува својот ден на суд, конечно да ја претстави својата страна и да ја докаже невиноста“, додаде таа.

Продолжи признавајќи дека тој можеби „направил грешки во минатото“, мислејќи на спогодбата со неговата поранешна девојка Каси Вентура по шокантните снимки од хотелот од 2016 година на кои се гледа како тој физички ја напаѓа. „Можеби син ми не беше целосно искрен за некои работи, како што е негирањето дека некогаш бил насилен кон поранешна девојка, кога снимките од хотелскиот надзор покажуваат поинаку“, рече таа.

„Понекогаш, вистината и лагите стануваат толку испреплетени што станува страшно да се признае еден дел од приказната, особено кога таа вистина излегува надвор од нормата или е премногу сложена за верување“, рече Џенис.

Да потсетиме, раперот е во истражен затвор во Њујорк и е обвинет дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство. По неговото апсење се дозна дека 120 лица планираат да поднесат тужба против него, од кои 25 биле малолетни во моментот на инцидентите кои ги предизвикуваат тужбите. Едно лице имало 9 години кога се случила наводната злоупотреба.

За 24 часа излегле дури 12 илјади наводни жртви и сведоци, а Диди ги негира сите обвинувања.

Scroll to Top