Џенифер Лопез за магазинот Интервју проговори за големите промени кои и се случиле во животот и што научила додека минувала низ тешки животни фази. Таа рече дека ниту една секунда не жали за нејзиниот избор.
„Тоа е доживотен процес“, рече Џенифер за нејзината постојана потрага по саморазбирање и откривање низ животните подеми и падови. Имаше моменти кога мислев дека разбирам се и научив некои животни лекции, но потоа животот повторно ми ги праќа и тогаш сфаќам дека ништо не сум научила“, искрено изјави познатата пејачка и актерка.
Таа зборуваше и за разводот со Бен Афлек. Рече дека чувствувала дека навистина и треба раскинувањето.
„Жал ми е што ми требаше толку време да го сфатам тоа, по неколку пати. Требаше да го знам тоа порано, сега знам“, изјавила Џеј Ло.
Таа се пошегува на своја сметка: „Сакав да сум во врски и сакав да остарам со некого. Мислев дека тоа ќе ме направи целосна и среќна, но не бев. Конечно ја научив лекцијата – ми требаа само 30 години”.