Членовите на Oasis, Ноел и Лиам Галагер, наводно ќе бидат разделени кога не се на сцената за време на нивната долгоочекувана турнеја во 2025 година, што значи дека ќе имаат посебни гардероби и ќе патуваат одделно, што не е невообичаено со оглед на нивните долгогодишни несогласувања и конфликти.
Лошиот однос меѓу раскараните браќа го достигна својот врв во 2009 година, откако Ноел (57) го напушти култниот бритпоп бенд по конфликтот зад сцената на концертот во Париз, а тој и Лиам (52) оттогаш се скарани, пишува Дејли Маил.
Но, иако успеаја да ги остават своите несогласувања настрана за да се вратат на сцената, браќата ќе имаат посебни соблекувални и превоз за турнејата во 2025 година за да избегнат потенцијален конфликт и последичен „ПР и финансиски кошмар“, објаснуваат нивните агенти.
„Тие ќе работат заедно за промотивниот дел од турнејата и на настапот, а освен тоа најчесто ќе бидат разделени. Секако дека ќе одржат заеднички проби, но атмосферата секако ќе биде наелектризирана“, изјави извор за Мирор.