По расправија и пријава за насилство, Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга се снимени како се бакнуваат

Се чини дека Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора успеале да се помират по неодамнешната кавга.

Екипата на емисијата Папарацо лов ги фатила како се бакнуваат на скалите пред зградата.

Сергеј пред неколку дена ја пријави Исидора за насилство. Расправијата се случила во стан во Вождовац. Пред кавгата тој бил виден, со своето куче, на промоцијата на албумот на Сајси MC.

Извори за српските медиуми велат дека проблемот настанал кога тој се вратил од промоцијата, а претходно не и кажал каде оди ниту и се јавил на телефон. По расправија, тој наводно и рекол дека сака развод и тогаш работите ескалирале.

После тоа било откриено дека Исидора илегално била во Србија, односно дека не го пријавила местото на живеење. Иако српските медиуми пишуваа дека ќе ја депортираат од Србија, таа ја плати казната предвидена со закон и нема да ја напушти државата.

„Исидора е осудена на парична казна во износ од 20.000 динари (170 евра) и ја платила веднаш. Не верувам дека ќе ја напушти државата. Односот им е таков, денес се добри, утре не се. Сепак, тие се сакаат“, вели изворот за српски Телеграф.

Scroll to Top