Денес промоција на книгата „Моќта на промените“ од шампионот во бодибилдинг, Тоше Зафиров

По „Патот кон врвот“, шампионот во бодибилдинг, Тоше Зафиров, денес ќе ја промовира својата нова книга насловена ,,Моќта на промените”. Промоцијата ќе се одржи денес (сабота) во Дом на културата Кисела Вода со почеток од 18 часот, и на истата ќе бидат прочитани извадоци од книгата, а Зафиров ќе подели и потпишани примероци.

Скромното момче од Неготино кое со силна волја, желба и многу посветеност кон бодибилдингот стана шампион во овој спорт, денес ќе ве запознае со „Моќта на промените“. Со неговите совети кои се должат на познавањето на спортскиот живот, тој успеа да промени многу луѓе кои сега живеат поквалитетен и поздрав живот.

Тоше Зафиров е роден во Неготино, Македонија, на 22 јануари 1978 година и неговото патување во бодибилдинг светот започнува во 1997 година и атктивно се бави со фитнесот 27 години.

Со текот на годините, станува професионален бодибилдер има учествувано на повеќе од 60 натпреварувања и се стекнува со многу сертификати и награди.

Тоше е првиот македонски учесник на Mr Olympia Amateur во USA и во Европа.

Има работено со најдобрите тренери во светот на фитнесот и целиот свој живот учел од нив. Неколку од нив се: Mauro Sassi, Petar Celik, Ljubivoe Bakic, Branko Todorovic и многу други светски тренери.

Зафиров повеќе години се натпреварува на Mr Olympia Amateur во USA, секогаш тренира со легендите на Mr Olympia и црпи големо знаење токму од нив.

Целиот живот го посветил на едукација и учење под менторство на најдобрите, а сега своето знаење сака да го шири и споделува со вас.

Тоше како експерт нуди онлајн услуги за вежбање и исхрана, исто така тој е виртуелен поддржувач, мотиватор и наставник. Со пристап кој ги комбинира науката на тренингот со психологијата на мотивацијата, тој ги поттикнува вежбачите да ги надминат предизвиците и да ја постигнат својата најдобра верзија.

Scroll to Top