(Видео) Британка продала се’ што имала и се преселила на Балканот: „Си купив куќа за 26.000 евра“

Британката Дона Харди се преселила со семејството од Сканторп, Англија на имот во Велико Трново на северот на Бугарија, пишува Дејли Мејл.

43-годишната мајка на три деца продала се што имала и решила да започне нов живот во Бугарија, а куќата ја купиле за само 26.000 евра. Имотот се состои од голема куќа во прилично лоша состојба и помала куќа, како и голема штала и неколку помошни згради, гаража и хектар земја.

„Куќата е прилично трошна, но јас и моето семејство сме многу среќни“, објасни Дона, која на „Тик-ток“ покажува како изгледа нејзиниот живот на имотот во Бугарија.

@donnahardy2181 so one question we keep being asked is how much did we pay for the house #uktobulgaria #oldhouse #bulgaria🇧🇬 #family #newlife #houserenovation #buyingahouse #howmuch ♬ Here Comes the Sun – Relaxing Instrumental Music

Дона вели дека се надева оти помалата куќа на имотот ќе биде за нејзината 12-годишна ќерка, и објасни дека таа и нејзиното семејство дошле во Бугарија со виза Д, која им се дава на оние кои сакаат да влегуваат во земјата за да се населат таму на подолг период.

Иако ги чека многу работа, од распакување и реновирање на домот, за што ќе треба труд, време и пари, семејството е задоволно од одлуката. И ќерката на Дона, Елис, купила имот во нивна близина за 25.000 евра и уште еден помал за 8.400 евра, преку eBay, додека Дона куќата ја купила преку агенција за недвижности.

@donnahardy2181 my bulgarian home in the winter check it out it’s gorgeous I love the snow #winterinbulgaria #snow #uktobulgaria #renovation #bulgaria🇧🇬 #dream #bulgariadirect ♬ snowfall – Øneheart & reidenshi

Инаку, според британските медиуми, просечната цена на куќа во Велика Британија е 282.000 фунти или 338.000 евра). Во Лондон цените се многу повисоки и се движат околу 518.000 фунти или 621.000 евра.

Во коментарите под нејзините видеа, Британците возвратија, но реакциите беа поделени. Некои го пофалија нејзиниот потег, додека други не беа баш воодушевени од идејата.

@donnahardy2181 life on the land in bulgaria #uktobulgaria #houseinbulgaria #bulgaria🇧🇬 #newlife #sheep ♬ Tree of Life (Instrumental) – Forest Elves

„Багатела. Честитки за заминувањето од Англија, заслужуваш аплауз“, „Купив куќа во Бугарија во 2018 година и како Англичанец можам да ти кажам дека тоа беше вистинскиот потег и дека луѓето се прекрасни“ и „Да , можеш да купиш евтино во Бугарија куќа, но таму немаш ништо, а на зима ќе мрзнеш“, се дел од коментарите.

Scroll to Top