Прилеп вечерва, 10 октомври, свечено ќе ја одбележи 85-годишнината од 11 Октомври. Програмата започнува во 19:30 часот на плоштадот „Александрија“, пред Камената бина.
Градоначалникот Дејан Проданоски преку објава ги покани граѓаните заеднички да го одбележат историскиот јубилеј, посветен на македонскиот непокор и борбата за слобода.
Во рамките на одбележувањето се најавени свечена програма, огномет во 20:00 часот и музички настап на Андријана Јаневска.
„Во срцето на нашиот град, заедно да го одбележиме овој значаен историски јубилеј!“, порача Проданоски во поканата до сограѓаните.






