Лепа Брена емотивно се „скрши“ на бината на концертот во родната Тузла, не можејќи да се смири дури неколку минути и ронејќи солзи пред многубројната публика.
Популарната пејачка го покри лицето со раката, а во еден момент придружничката ѝ пријде и ѝ подаде марамче.
Брена ги бришеше солзите, длабоко дишеше за да се смири, а во салата одекнуваше „Брена, Брена“ и „Брена, те сакаме“.
Трогната од сето ова, Брена повторно почна да плаче, а во еден момент ѝ пријде член од нејзиниот тим подавајќи ѝ шише со вода.
@alisadzambic Koncert Lepe Brene u Tuzli ❤️❤️ 16.11.2024 #emotional