„100 % заљубени во Sunday“, нова кампања за колачиња и десерти на македонскиот бренд

Македонскиот бренд за колачиња и десерти „Sunday“, со возбуда го објави лансирањето на својата нова кампања, „100% Заљубени во Sunday“, која ќе ги израдува љубителите на колачиња. Кампањата е дизајнирана да донесе момент на сласт и среќа на секој потрошувач, истакнувајќи ги неодоливите вкусови и пријатното чувство на споделување колаче со саканите.

Почнувајќи од денеска, никој нема да одолее на новата кампања „100% Заљубени во Sunday“, колачиња кои го претвораат секој момент во момент исполнет со топлина и поврзаност, радоста на споделување и уживање, сето тоа завиткано во 100% љубов.

– „Sunday“ е сладок начин да се каже „Те сакам“, а најлесниот и најјасниот начин да се искаже љубов е преку песна! Концептот на кампањата е инспириран од песната 100% те љубам. Песната е основата околу која ја градиме приказната за љубовта.

Имаме за цел да ги зближиме луѓето, да ги потсетиме на среќата што доаѓа од едноставното, но совршено задоволство, секако и да им го стоплиме срцето за време на претстојните празнични денови“- сподели маркетинг тимот на брендот „Sunday“.

За да ја започне кампањата Македонскиот бренд, со дегустации низ поголемите маркети во земјата, во текот на месец ноември и декември, ги покани потрошувачите лично да ја искусат магијата на различните вкусови како: гурабија, ванилица со џем, повеќе видови на баклава, тулумба, традиционални и нови вкусови на парени колачиња.

Имено, домашните колачиња и десерти на производителот „Колид С Тим“, на пазарот се присутни од 2002 година, а брендот „Sunday“ кој е заштитена трговска марка на компанијата, е присутен на пазарот од 2010 година.

„Sunday“ е бренд во коj потрошувачите веруваат и го препознаваат високиот квалитет. Компанијата продолжува да иновира со нови вкусови и возбудливи партнерства.

Со посветеност на квалитетот и радоста во секој залак, „Sunday“ стана главен производ во домовите низ целата земја, но и надвор, со присутност во повеќе од 30 земји низ светот.

ПР

Scroll to Top