Славејчињата од „Крешендо“ пеат во новата песна на Павле Камилоски „Иде Нова година“

Павле Камилоски подготви нова новогодишна песна за публиката.

„Иде Нова година“ е новата новогодишна песна на Павле Камилоски. Музиката на песната, која се очекува да ја заживее празничната атмосфера во домовите, е на Дамир Пух и Наташа Миха, а текстот на Ксенија Николовска.

Гласот на Камилоски поддржан од веселите ѕвона и дечињата кои пеат во хор во песната прават хармонија која потсетува на новогодишните желби и радости.

Аранжманот е дело на Дамир Пух, додека хорскиот аранжман е на Наташа Миха. Малите славејчиња од детскиот хор “Крешендо” под диригентската палка на Фотини Георгиадис Кировска и Марија Пулковска Здравковска  внесуваат празничната хармонија давајќи и на музиката топлина и радост.

Scroll to Top