Бресквица откри како го добила прекарот: Тоа ме прашуваат сите откако сум на сцената

Српската пејачка Анѓела Игњатовиќ, позната како Бресквица, откри како го добила својот препознатлив прекар. 23-годишната пејачка рекла дека прекарот ја следи уште од тинејџерските денови и дека го добила поради нејзината нежна и неповторлива енергија, пренесуваат српските медиуми.

„Сите ме прашуваа тоа од кога се појавив на сцената. Никој не знаеше, другарка ми ми го даде прекарот уште во основно училиште, но не знаеме зошто, кога и како, остана така. Семејството почна да ме нарекува така, па така остана“, рече таа, а прекарот стана нејзин заштитен знак и дел од нејзиниот уметнички идентитет.

Scroll to Top