Деми Мур го освои Златниот глобус за прв пат во нејзината 45-годишна кариера. Таа ја освои престижната награда за најдобра женска улога во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во The Substance, приказна за актерка која избледува во потрага по фонтаната на младоста.
Ова е една од најзначајните награди што ги има добиено и нејзина четврта номинација за Златен глобус. При примањето на наградата, шокираната 62-годишна актерка одржа емотивен говор кој ги расплака фановите.
Demi Moore accepts her #GoldenGlobe: "Today I celebrate this as a marker of my wholeness and of the love that is driving me, and for the gift of doing something I love, and being reminded that I do belong." https://t.co/QUzDz2Lepj pic.twitter.com/CWCzDX2xOi
— Variety (@Variety) January 6, 2025
„Навистина не го очекував ова. Во моментов сум во шок. Ова го правам долго време, повеќе од 45 години, и ова е прв пат да освојам нешто како актерка и сум само толку понизна и толку благодарна“, започна таа, а потоа се осврна на својата кариера и на она што надминало сè низ годините.
„Пред 30 години, еден продуцент ми рече дека сум безначајна актерка, тоа значеше дека можам да снимам успешни филмови кои ќе заработат многу пари, но дека нема да ме препознаат и верував во тоа“, рече таа, совладана од емоции.
„И тоа на крајот ме изглода до тој степен што пред неколку години помислив дека можеби – ова е тоа. Можеби го направив тоа што требаше да го направам. И кога стигнав до дното, на мојата маса наиде ова магично, смело, необично, апсолутно лудо сценарио наречено The Supstance“.
„Универзумот ми кажа дека не сум завршила“, рече таа и се заблагодари на режисерката и сценаристката на филмот Корали Фаргит за укажаната доверба, како и на целиот нејзин тим, од кои многумина се со неа повеќе од 30 години и кој ја поддржуваше и кога не верувала во себе.