Новак Ѓоковиќ сподели ретки семејни фотографии и го честиташе Божиќ

Новак Ѓоковиќ објави ретки семејни фотографии на Инстаграм и го честиташе Божиќ.

Тој позираше пред елката со сопругата Јелена и нивните деца – Стефан и Тара.

„Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ“, напиша тенисерот на кирилица во описот на објавата.

Српскиот тенисер моментално се подготвува за 12 јануари кога започнува Австралија опен.

Scroll to Top