Северина откри со кого отпатувала на Малдиви: „Море, сонце, песок, колку убав живот”

Северина објави неколку нови фотографии на Инстаграм од Малдивите каде што отпатува пред неколку дена.

Со 52-годишната пејачка на егзотичната дестинација ужива и Андреа Чермак, снаа на генералот Иван Чермак.

„Добро друштво, добри книги, омилен парфем, море, сонце, песок… И каков убав живот. Ние двете од 2001 година“, напиша Северина во описот на објавата.

Андреа беше кума на свадбата на Северина и Игор Којиќ, а Северина беше кума на свадбата со Хрвоје Чермак. „Една до друга или со милји оддалечени, вечно поврзани со срце и душа“, ѝ рече еднаш Северина на Андреа, која е во брак со сопругот Хрвоје од 2005 година и имаат три деца. Тие со години живеат во Минхен.

Scroll to Top