Актерката Џесика Алба го потврди разводот од Кеш Ворен по речиси 17 години брак. Една недела откако се појавија информации за нивна разделба и можен развод, актерката ја потврди веста на социјалните мрежи во четвртокот.
„Со години сум на патување на себеоткривање и трансформација – и како поединец и во партнерство со Кеш“, ја започна својата објава на Инстаграм.
„Горда сум на начинот на кој растевме во нашиот брак во изминатите 20 години, но сега е време да започнеме ново поглавје на раст и развој како поединци. Да продолжиме напред со љубов, љубезност и почит еден кон друг и ние ќе останеме семејство засекогаш. Нашите деца остануваат наш најголем приоритет и бараме приватност во овој момент“, порача таа.
Ворен, од друга страна, не коментираше на социјалните мрежи за раскинувањето.