Ѕвездата на „Игра на тронови“ раскина со момчето по четири месеци врска

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк раскинала со своето момче, диџејот Себастијан „Баси“ Фокс, по четири месеци врска, пишува „Сан“.

„Емилија и Себ повеќе не се заедно. Се забавуваа, но нешто едноставно не беше во ред меѓу нив. Дадоа се од себе, но на крајот сфатија дека можеби не се најпогодни еден за друг“, изјави извор близок до парот.

За нивната врска почна да се зборува во ноември минатата година. Парот потоа беше фотографиран на состанок во Лондон, а набргу потоа пријателите на актерката потврдија дека почнале да живеат заедно. Засега ниту еден од нив не го објавил раскинувањето.

Претходно Емилија беше во врска со режисерот Сет МекФарлан. По раскинувањето во 2018 година, таа најде утеха во сценаристот Чарли Мекдауел, со кого беше една година. Ја поврзуваа и со актерите како Џеј Кортни, Кори Мајкл Смит и Џејмс Франко.

Scroll to Top