Се шири неочекуваниот прекар кој кралот Чарлс наводно и го дал на Меган Маркл

Во медиумите почна да се шири интересен наводен детал од времето кога Меган Маркл сè уште беше член на кралското семејство. Според Дејли Мејл, кралот Чарлс и го дал прекарот „tungsten“.

Ова е англискиот назив за хемискиот елемент волфрам, чие име доаѓа од шведските зборови tung и sten (тежок камен). Се вели дека Чарлс со ова сакал да каже дека Меган е непоколеблива.

„Чарлс ѝ се восхитува на Меган за нејзината сила и поддршката што ја дава на Хари, кому му треба некој силен како волфрам затоа што може да биде малку мек. Тоа стана израз на љубов“, изјави неименуван извор од Бакингемската палата во 2018 година.

Со текот на годините, Меган добиваше разни непријатни прекари во медиумите. Некои од нив се Me-gain, „Тешка Војвотка“ и MeMeMeghan. Иако нејзиното целосно име е Рејчел Меган Маркл, таа се претставува во јавноста користејќи го само своето средно име.

Scroll to Top