Лејди Гага размислува да има семејство со вереникот: „Подготвена сум за деца“

Американската мегаѕвезда Лејди Гага откри неколку интересни детали во ново интервју.

Таа за магазинот „Ел“ изјави дека сериозно размислува да основа семејство со нејзиниот вереник, бизнисменот Мајкл Полански.

„Семејство – тоа е како корените на дрвото. Расте многу, понекогаш е деформирано, понекогаш е полно со вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави тоа што сте и ја дефинира вашата потреба за промена“, истакна Гага.

На прашањето дали планира да има деца, пејачката одговори кратко и јасно: „Подготвена сум“.

Таа се осврна и на нејзиниот живот во центарот на вниманието и вели дека ќе им дозволи на децата да формираат свое мислење за тоа.

„Би сакала моите деца да разберат дека зависи од нив што значи мојата уметност за нив. Никогаш не би сакала да ги обликувам нивните мислења или да им кажам како да размислуваат за мене. Тоа е нешто за што Мајкл и јас разговаравме многу – да дозволиме нашите деца нека бидат свои, заклучи Гага.

Лејди Гага и Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус. Својата врска, па дури и свршувачката ја чуваа во целосна тајна до Венецискиот филмски фестивал. Таму прошетаа по црвениот тепих држејќи се за раце, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот веренички прстен.

Пејачката еднаш откри дека Полански ја запросил во април. За нивната свршувачка се шпекулираше подолго време. Лејди Гага го нарече свој вереник кога го запозна францускиот премиер Габриел Атал, а подоцна беше фотографирана како го носи нејзиниот веренички прстен во неколку наврати.

Кон крајот на минатата година, таа во ток-шоуто на Џими Кимел рече дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, знаејќи ме, тоа може да стане како циркус со еднорози“.

Scroll to Top