(Видео) Канје би можел да загуби договор вреден 20 милиони долари поради голата сопруга на црвениот килим

Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори станаа тема на светските медиуми по нивното појавување на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите, а се чини дека раперот поради овој потег ќе загуби сериозна сума на пари.

Имено, Вест имал два закажани настапи во Јапонија за кои требало да заработи 20 милиони долари.

Раперот требаше да настапи во Токио овој мај, но појавувањето на неговата сопруга во проѕирен фустан наводно предизвикало бурни реакции кај публиката во Јапонија, вклучително и неговите финансиери во земјата.

Зборувајќи за „Дејли мејл“, извор тврди: „Канје само ја уништува секоја прилика што ја добива. Тој изглед беше неверојатно морничав и беше дочекан со ужас во Јапонија“.

„Јапонија е културолошки свесна за правата на жените и движењето „Ми ту“ е навистина силно овде. Тоа што тој го направи се смета за чин на присилна контрола што е целосно неприфатливо. Тој целосно културолошки погрешно ја процени Јапонија“, објасни тој.

Дополнително, Канје живееше во хотел во Токио во поголемиот дел од минатата година, но се чини дека можеби ќе остане без ангажман таму.

Парот предизвика реакции кога се појави на црвениот тепих на доделувањето на Греми наградите. Очигледно тие не беа поканети, а Бјанка носеше проѕирен фустан без ништо одоздола, додека раперот стоеше покрај неа.

Scroll to Top