Анџелина Џоли за децата: Не сакаат актерска кариера, Шајло го мрази светот на славните

За време на панелот на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара, Анџелина Џоли откри дека нејзините деца немаат посебен интерес за глума.

Таа објасни дека сака тие да пораснат свесни дека се дел од уметничко семејство и дека нивните родители работат во креативната индустрија, но тоа не им се допаѓа особено.

„Тие едноставно не се заинтересирани за тоа. Навистина не го сакаат светот на славните, особено Шајло, која буквално го мрази”, рекла Џоли.

И покрај тоа, нејзините деца имаа можност да поминуваат време на филмски сетови додека таа работеше.

„За време на снимањето, некои танцуваа, други сликаа. Некои се заинтересирани за театар, но никој од нив не чувствува посебна желба да застане пред камера”, откри таа.

Џоли исто така изјави дека нејзините синови Медокс и Пакс работеле како помошници на режисерот на снимањето на филмот Марија. „Мислам дека е важно да ги охрабриме да работат и да им дадеме можност да стекнат искуство. Тие биле на неколку сетови, а Пакс се обидел и во фотографијата“, рече таа.

Иако не планираат да ги следат нејзините филмски стапки, Џоли нагласи дека како мајка клучно е да им обезбеди можности сами да откријат што сакаат да прават во животот.

Scroll to Top