(Видео) Ен Хатавеј стана интернет хит преку снимката на која навива на Супер Боул

Ен Хатавеј е новата ѕвезда на трибините.

Актерката беше снимена на трибините на Супер Боул како страсно навива за „Иглс“ на Филаделфија. Видеото од нејзиното навивање стана вирално на социјалните мрежи.

Таа беше весела и насмеана и викаше од трибините. Видеото ги воодушеви обожавателите на актерката.

„Тип на жена за која би одел во војна“, „Каква кукла“, „Ен Хатавеј > Тејлор Свифт“, „Ја сакам“, „Америка прекина со Тејлор Свифт и се надгради на Ен Хатавеј“, се дел од коментарите.

Scroll to Top