Лејла Филиповиќ објави фотографии со мајка и и сестра и од Дубровник: „Серенада за мојот град“

Поранешната мис на Хрватска и сопруга на актерот Тарик Филиповиќ, Лејла Филиповиќ, неодамна го посети родниот Дубровник со нејзината мајка Фехма Шеховиќ и сестрата Џенана.

Таа се пофали со нивните заеднички фотографии на Инстаграм. Тие позираа пред ѕидините на Дубровник.

Лејла објави и фотографија на која позира и напиша: „Серенада за мојот град, серенада за моето срце“.

 

Лејла има и сестра Амела со која исто така објавуваше фотографии.

 

Лејла често го посетува Дубровник со нејзината мајка и сестрите. На почетокот на минатата година повод за нивното собирање во тој град беше роденденот на Џенана.

“Мојата ‘помлада’ сестричка слави роденден.  Среќно среќа моја, среќни сме што те имаме, среќна сум што те имам во мојот живот. Твојата помала сестра многу те сака”, напишала Лејла во описот на нивната фотографија.

Лејла, Амела и Џенана го загубија својот татко на рана возраст, па целото нивно воспитување и грижа го презеде нивната мајка Фехма Шеховиќ, со која сите три сестри денес се многу блиски.

Scroll to Top