Пејачката Мараја Кери (55) неодамна настапи во Лас Вегас. Снимките од концертот кои се проширија на социјалните мрежи предизвикаа загриженост кај фановите.
Еден од нејзините обожаватели сподели неколку видеа, од кои на едното се гледа како Кери пее со видлив недостаток на енергија.
За време на настапот таа полека се движеше низ сцената додека покрај неа танцуваше танчер, што предизвика лавина од коментари. Многумина се прашуваа дали се чувствува добро: „Боже добро ли е?“, „Дали нешто ја боли? Што се случува?“, „Малку сум загрижена за Марија“, напишале корисниците на социјалните мрежи кои забележале дека пејачката едвај се движи и делува вкочането.
Некои коментатори го споредија нејзиниот настап со постари пејачи од неа кои се уште настапуваат со повеќе енергија. „Шер се уште може да се движи на нејзина возраст, а Мараја изгледа како да не може“, напиша еден корисник, додека друг истакна дека „Мадона, која има 66 години, сè уште танцува како луда“.