Шајло Џоли привлече внимание на улиците на Лос Анџелес, одеше на час по танц

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, 18-годишната Шајло, деновиве привлече внимание на улиците на Лос Анџелес.

Таа е фотографирана во опуштена облека додека одела на час по танц.

Шајло носеше широки фармерки и широка црна маица. Косата и беше врзана, а на лицето немаше шминка.

Луѓето на социјалните мрежи често пишуваат дека Џоли е „природно убава“ и дека ја „наследила убавината од нејзината мајка“.

За време на нејзиното појавување на Good Morning America минатата година, Анџелина изјави дека нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.

„Ниту едно од моите деца не сака да биде пред камера во моментов. Тие не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе можат да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.

Scroll to Top