Нина Бадриќ на Инстаграм се пофали дека ужива на тајландскиот остров Кох Самуи, а сега со своите следбеници сподели момент од одморот.
Пејачката објави видео на кое ја пее хит песната на Алиша Кис од 2003 година „If I Ain’t Got You“ пред публика во одморалиштето.
„Денеска исполнувам желби“, се пошегува Нина.
Таа доби бројни пораки од обожавателите. „Кога уживаш во работата и одморот“, „Браво, Нина! Тие не знаат дека имаат вистинска ѕвезда“.