Актерката Мишел Трахтенберг, позната по улогата во серијата Gossip Girl, почина од природна смрт, а можните компликации по трансплантација на црн дроб можеби придонеле за нејзиното починување, изјавија полициски извори за ABC News.
Мишел, која имала 39 години, била пронајдена мртва во својот стан во Њујорк во средата наутро, околу 8 часот по локално време. Телото го открила нејзината мајка во стан во близина на Колумбус Сиркл. Од полицијата за медиумите потврдија дека во нејзината смрт нема елементи на кривично дело. Ќе се изврши и обдукција.
Според информациите на ТМЗ, на актерката неодамна и била извршена трансплантација на црн дроб, која била неопходна по долготрајна борба со проблемите предизвикани од консумирање алкохол. Нејзиното последно појавување во јавноста беше во ресторанот Sartiano’s минатиот четврток вечер.
„По пристигнувањето, полициските службеници пронашле 39-годишна жена во несвест и без знаци на живот. Итната медицинска помош констатирала смрт на местото на настанот. Смртта не се третира како сомнителна. Истрагата и понатаму е во тек“, се вели во официјалното соопштение на полицијата.