Дали таа некогаш греши? Сосема едноставна и толку хармонична комбинација на Кејт Мидлтон

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во пресрет на Св. Дејвид го посетија Велс, каде се слави тој национален празник. Народот на Велс го слави својот заштитник како државен празник.

На овој ден во Велс се организираат концерти, вечери, забави, поворки и други настани. Младите девојки носат народни носии и се украсуваат со нарциси, додека мажите се облекуваат во национални бои.

И Кејт Мидлтон и принцот Вилијам носеа нарциси на нивните палта за време на нивната посета на Велс, каде што се мешаа со локалните жители. Жолтата боја на нарцисите во комбинација со украсната зелена панделка беше во убав контраст со црвената боја на капутот што го носеше Кејт.

Станува збор за долг капут со класичен крој и дупли копчиња, потпишан од модната куќа Александар Меквин, кој војвотката го носеше веќе пет пати, последен пат на божиќната миса минатата година.

Под беспрекорно елегантниот капут можеше да се забележи црна „долчевита“, додека војвотката се одлучи за чизми со шпиц со висока дебела потпетица, изработени од кафеава брусена кожа.

Scroll to Top