Средбата со бугарската пророчица Баба Ванѓа е една од најмистериозните приказни на починатиот Саша Поповиќ

Саша Поповиќ, основачот на „Гранд продукција“ и еден од највлијателните луѓе во музичката индустрија на Балканот, почина вчера на 70-годишна возраст по кратко, но тешко боледување.

Неговото име е синоним за музички успех – од популарната група „Слатки грех“ до создавањето на „Гранд“ – платформата што го промени начинот на кој се градеа музичките кариери во регионот.

Како шоумен, продуцент и визионер, Поповиќ беше главниот двигател на музичките таленти, отворајќи им врати на многу ѕвезди кои денес доминираат на сцената.

И покрај борбата со болеста и негата на врвни европски лекари, Поповиќ не успеа да ја добие последната битка. Веста за неговата смрт ја потврди „Гранд продукција“, изразувајќи длабоко сочувство за човекот што го постави темелот на модерната естрада.

Поповиќ беше познат и по своите анегдоти и верувања во судбината. Една од најмистериозните приказни што ја раскажуваше беше средбата со бугарската пророчица Баба Ванѓа. Таа му предвидела дека ќе стане „режисер“ на балканската музичка сцена, но и му ја открила неговата животна патека, која тој често ја споменуваше со восхит и неверување.

Со неговото заминување, балканската музичка сцена изгуби голем визионер, човек кој со својата работа и страст остави неизбришлива трага во музичката историја.

Scroll to Top