Џорџ Клуни на чекор до развод – гласините за разделбата со Аламл повторно се разгореа

Гласините дека Амал и Џорџ Клуни се разведуваат, повторно се разгореа. Познатиот пар е во фаза на „пробно раскинување“, тврдат извори.

Џорџ Клуни (63) во 2014 година се ожени со адвокатката Амал Клуни, која е 17 години помлада од него, а пред седум години со неа ги доби близнаците Ела и Александар. Нивните индивидуални обврски создадоа дистанца меѓу нив, вели познааник на славната двојка.

Раздорот настанал откако Џорџ Клуни одлучил да создаде адаптација за Бродвеј на неговиот филм „Добра ноќ и со среќа“, пишува „Радар онлајн“.

„Колку и да е горда Амал што тој го следи својот сон на Бродвеј, не им беше лесно да се разделат толку долго и тие се оддалечија поради тоа.  Ова е дефинитивно тест за нивната врска“

И додека Клуни често е во Њујорк, Амал е во Англија со своите деца.

„Лесно е да се критикува Амал што не е со Џорџ во Њујорк, но тие секогаш ги ставале децата на прво место и така функционира нивната рутина во Оксфордшир“, вели изворот.

Scroll to Top