Директорот и креаторот на Гранд продукција, Саша Поповиќ ќе биде погребан денеска, 6 март, по комеморативен собир.
Погребот ќе биде во 14 часот и 30 минути на Бежанијските гробишта, каде семејството, пријателите и бројните соработници, меѓу кои и голем број јавни личности, ќе го придружуваат најголемиот шоубиз маг во Србија до вечното почивалиште.
Исто така, во 11 часот во Сава Центар ќе се одржи комеморација за Саша Поповиќ каде ќе се одржат говори во чест на неговиот лик и дело.
Семејството ќе прима сочувство во 13 часот. На вечното почивање Поповиќ ќе биде испратен од хор, а на погребот ќе служат повеќе свештеници.
Пријатели и соработници ќе одржат говор во негова чест.