Селин Дион ќе биде специјална гостинка на финалето на Евровизија?

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија се надеваат дека ќе ја пречекаат пејачката и поранешна победничка Селин Дион како специјална гостинка на финалето во Базел во мај. Портпаролот потврди дека разговорите се воделе, но ништо не е потврдено – најмногу поради тековната битка на славната пејачка со сериозна невролошка состојба, синдром на вкочанета личност.

Канадската ѕвезда (56) со години страда од болни грчеви во мускулите и одлуките за секој потенцијален настап се носат во последен момент. И покрај нејзината болест, Дион присуствуваше на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз минатата година, нејзин прв настап од 2019 година. Таа, исто така, излезе на сцената во Саудиска Арабија во ноември.

Во 1988 година, на позајмица од Канада, Дион победи на натпреварот за Швајцарија со песната Ne Partez Pas Sans Moi, победа што и помогна на нејзината глобална кариера.

Најголемото музичко натпреварување во светот со повеќе од 150 милиони гледачи ќе се одржи од 10 до 17 мај во Базел.

Scroll to Top