Северина често ги споделува своите модни комбинации со следбениците на Инстаграм – без разлика дали се работи за секојдневни изданија или сценски настапи. Нејзиниот стил е препознатлив по комбинацијата на софистицираност и трендовски елементи, со акцент на гламурот, но и на носливоста.
Едно од нејзините последни изданија беше токму тоа – елегантно, но прилагодливо на различни прилики. За неодамнешниот настан, таа избра префинета комбинација составена од блуза во боја на шампањ, со ефектни обвиени детали и кремасто бели панталони со висок струк.
Но, највпечатлив детаљ од аутфитот беше чантата во интензивна зелена боја, која на целото издание му даде шмек на разиграност. Станува збор за сатенска чанта во нијанса на јаболко зелена, за која се верува дека е модел на Лорен од брендот Philosophy Di Lorenzo Serafini.
Овој модел доаѓа во неколку големини, а претпоставката е дека Северина ја носи најголемата верзија, која се продава за 745 евра, но моментално е достапна за половина од цената. Северина неодамна беше видена со чанта „Хермес“ вредна околу 10.000 евра, но овде избра значително попристапна опција, покажувајќи дека стилот не мора да чини цело богатство.