(Видео) Пријателот на Џин Хекман: ​​Неговата смрт нема смисла, тоа е многу чудно

Пријателот и поранешен деловен соработник на Џин Хекман, Даг Ланам, се огласи откако беше објавена причината за смртта на актерот и неговата сопруга Бетси Аракава.

„Сите знаевме дека е во доцните стадиуми на Алцхајмерова болест, но тој сè уште пишуваше и пееше. Сето тоа нема смисла за мене, тоа е многу чудно. За мене лично, тоа е бизарно. Едноставно не можам да го разберам”, изјави Даг за Дејли Мејл.

Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза на прес-конференција објави нови информации во истрагата за смртта на Хакман и Аракава. Бетси најверојатно починала на 11 февруари од компликации предизвикани од хантавирусниот пулмонален синдром, ретка, но сериозна респираторна болест која се јавува по изложување на заразени глодари.

Според податоците снимени од пејсмејкерот на Хакман, се верува дека тој починал една недела подоцна, на 18-ти февруари. Актерот починал поради тешка срцева болест. Покрај тоа, тој бил во напредна фаза на Алцхајмерова болест.

Scroll to Top