Видео неодамна стана вирално на социјалните мрежи во кое синот на Бен Афлек бара од својот татко патики кои чинат 6.000 долари. Актерот во ново интервју ги откри своите размислувања за желбата на неговиот син.
„Ете што се случува кога на синот ќе му речеш да коси трева. Одеднаш повеќе не ги сака тие патики. Му реков: Не ти требаат патики од неколку илјади долари. Тој ми одговори дека имаме пари, а јас му возвратив: Јас имам пари, ти немаш“, рече актерот во интервју за „Аксес Холивуд“.
„Вака се воспитуваат децата во милионерско домаќинство“, „Еден од ретките луѓе што изгледа разумно и пристапно“, „Бен одеднаш стана вистински бостонски татко“, „Сосема си во право“, „Тој ја кажува вистината, треба да ги научи децата на скромност“, коментираат обожавателите, воодушевени од неговата реакција.
Додека неговиот син Семјуел гледаше во патики, особено му го привлекоа вниманието едни чија цена достигнува шест илјади долари. Еден од присутните во видеото коментираше дека актерот сигурно не бил воодушевен од идејата, на што Афлек даде едноставен, но ефикасен одговор: „Тоа се многу тревници за косење“.
Овој момент одекна кај обожавателите кои отидоа на „Тик-ток“ за да го пофалат родителскиот пристап на Афлек.
„Тој вреди стотици милиони, а рече не. Нека ги заработи, добар татко“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Секоја чест, така се воспитува дете“.
Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заедно одгледуваат три деца – Вајолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13). Иако се разведоа во 2015 година, по една деценија брак, останаа во добри односи и продолжуваат да соработуваат како родители.