Жизел Бундхен неодамна го роди своето трето дете, а веста за нејзиното пораѓање долго време беше главна тема на медиумите.
Прославената манекенка Жизел Бундхен (44) неодамна стана мајка по трет пат. Заедно со нејзиниот партнер Хоаким Валенте доби син.
Манекенката се најде во центарот на вниманието на јавноста и откако се дозна дека на својот син му го дала средното име Ривер. Многумина ја осудија за овој тренд.
Сепак, овој пат е во центарот на вниманието од сосема други причини. Жизел сега е првпат видена во јавноста и папараците успеале да ја фотографираат откако го родила третото дете, пренесува Дејли Мејл.
Gisele Bundchen displays incredible post-baby bod in bathing suit in FIRST sighting since giving birth weeks earlier https://t.co/iwkBgPBbYb
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) March 9, 2025
Времето го минуваше надвор со своите деца, облечена во едноделен костим за капење со гол грб, додека врз струкот лелеава марама, па сите веднаш ја забележаа нејзината фигура. Манекенката не изгледа како штотуку да се породила.
Официјално не е потврдено кога Жизел се породила, но според изворите поминале само околу еден месец.
Бундхен ја започна својата врска со Хоаким во јуни 2023 година, само една година по нејзиниот развод со Том Брејди.
Поранешните сопружници останаа во пријателски односи, а се шпекулира дека Брејди ја обновил врската со руската манекенка Ирина Шајк.