На списокот на гости на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез има само познати имиња

Свадбата на Џеф Безос, основачот на „Амазон“, и неговата вереница, новинарката Лорен Санчез, би можела да биде еден од најгламурозните настани во годината.

Сега ТМЗ откри делумна листа на гости која, судејќи според имињата на неа, е крајно гламурозна. Поканети беа само најпознатите од светот на (шоу)бизнисот, меѓу кои Ева Лонгорија, Кејти Пери, Орландо Блум, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан и други.

Изворот на ТМЗ откри дека на листата се и Иванка Трамп и Џаред Кушнер, како и Карли Клос и нејзиниот сопруг Џошуа Кушнер. Меѓу среќните гости се Бери Дилер и Дајан фон Фурстенберг, филмскиот продуцент Брајан Грејзер и манекенките Брукс Надер и Камила Мороне.

Двојката официјално ја потврди врската во јануари 2019 година, набргу откако Безос објави дека се разведува од сопругата Мекензи Скот, со која има четири деца.

Scroll to Top