Австралискиот модел Шанина Шаик неодамна присуствуваше на The Fashion Trust Awards во Лос Анџелес, а за таа прилика носеше бела креација на брендот Cult Gaia.
Сатенскиот фустан е украсен со едноставен крој, а интересни се и цветните мотиви кои се протегаат преку рамениците и грбот. Дизајнерите размислувале за секој детал при креирањето на овој фустан, и намерно направиле „отворен грб“ кој додаде доза на сексипилност и заводливост.
Шанина го комплетираше изгледот со златни обетки и наједноставната фризура – ниска пунџа.
Што се однесува до шминката, нејзините шминкери се определиле за таканаречениот „природен изглед“ кој само ја подобрувал постоечката природна убавина. Со тоа полните усни на Шанина дојдоа до полн израз.
Инаку, Шанина Шаик често ја поврзуваат со Русинката Ирина Шајк и поради нејзиното презиме и поради нејзината специфична убавина.
Работела за престижни брендови како Шанел, Вивиен Вествуд, Дизел, Стела Макартни, Том Форд… и ги красела насловните страници и едиторијалите на престижните модни списанија.