Бен Афлек за флертувањето по разводот: Многу е лесно да се посрамотиш

Бен Афлек даде малку нејасна изјава додека го промовираше филмот Accountant 2. Актерот призна дека се поврзува со неговиот лик Кристијан Волф, кој не е баш најдобар во флертувањето.

„Имате лик кој сака да има врска со жена и се обидува да сфати како да го направи тоа, како да се вклучи во играта. Тој навистина не знае да флертува и не му е удобно со тоа – како и на повеќето од нас”, рече Афлек, пренесува „Пејџ Сикс“.

„Никому не му е лесно да се движи во врската, особено на почетокот кога се обидувате да процените нечии сигнали. Што значи тоа? Дали оваа личност ме гледа? Дали и се допаѓам?“, опиша тој и додаде дека понекогаш е лесно да се посрамите себеси во такви ситуации.

Да потсетиме, Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор со посредство уште во септември, со што избегна долга судска битка.

Scroll to Top